крои

Глагол, несвршен

Значење на крои:

1. Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл. Крои палто. Чевларот кроеше нови модели на сандали.

2. Реже лозје, овошка и сл., потсекува прачки, гранки заради подобар род. Тој го кроеше лозјето секоја година.

3. Подготвува материјал, сече, реже по мера (греди, летви итн.). Мајсторот ги кроеше гредите.

4. (прен.) Смислува нешто заради некоја цел; планира. Тој со лукавство ми крои зло. Крои планови.

Коњугација: кроев , кроеја , кроејќи , кроел , кроен , кроија , крој , кројаа и кроив , кројав , кројал и кроил , кројан, кројат , кројте .

Изведени зборови:

  • кроење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му крои капа – смислува нешто за некого.

Оригинални податоци:

крои, кројат; крој, кројте; кроев, кроеја; кроел; кроен; кроејќи; кројав, кројаа и кроив, кроија; кројал и кроил; кројан несв. 1. Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл. Крои палто. Чевларот кроеше нови модели на сандали. 2. Реже лозје, овошка и сл., потсекува прачки, гранки заради подобар род. Тој го кроеше лозјето секоја година. 3. Подготвува материјал, сече, реже по мера (греди, летви итн.). Мајсторот ги кроеше гредите. 4. (прен.) Смислува нешто заради некоја цел; планира. Тој со лукавство ми крои зло. Крои планови. ◊ Му крои капа – смислува нешто за некого. ‖ глаг. им. кроење ср.