крокодил
Зоологија.
Значење на крокодил:
Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврди ковчести крлушки; Crocodilia. Нилски крокодил.Множина: крокодили.
Изведени зборови:
- крокодилски, прид. крокодилскиот Што припаѓа, што се однесува на крокодил, што е од крокодил. ◊ Крокодилски солзи – лажни, лицемерни солзи.
- крокодилче, и. ср. 1. Младо од крокодил. 2. Дем. од крокодил.
Оригинални податоци:
крокодил, мн. крокодили м. (зоол.) Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврди ковчести крлушки; Crocodilia. Нилски крокодил. ‖ крокодилче, мн. крокодилчиња ср. 1. Младо од крокодил. 2. Дем. од крокодил. ‖ крокодилски, крокодилскиот прид. Што припаѓа, што се однесува на крокодил, што е од крокодил. ◊ Крокодилски солзи – лажни, лицемерни солзи.