крпа

Именка, женски род

Значење на крпа:

1. Парче ткаенина (обично од износени алишта и сл.) за крпење алишта; алтица, латица. Неговото старо палто беше закрпено со многу крпи.

2. Парче платно за бришење или за миење, триење нешто. Домаќинката ги триеше нечистите садови со крпата.

3. Парче ткаенина, фротир што служи за бришење на раце, лице, тело; пешкир. Му ја подаде белата крпа да си ги избрише рацете. Крпа за лице.

4. Шамија (обично бела) со која жените ја покриваат главата, врзана под брадата. Со бела крпа на главата лежеше на креветот.

5. (прен.) Нешто што е старо, излитено, ветво; што не е за употреба; партал.

Множина: крпи.

Изведени зборови:

  • крпичка, и. ж. мн. крпички ; крпче, мн. крпчиња ср.; крпе (само едн.) ср. дем. и хип.
  • крпиште, и. ср. аугм. и пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Крпа се сторил / Блед како крпа – станал / е многу блед од болест или од страв.

Оригинални податоци:

крпа, мн. крпи ж. 1. Парче ткаенина (обично од износени алишта и сл.) за крпење алишта; алтица, латица. Неговото старо палто беше закрпено со многу крпи. 2. Парче платно за бришење или за миење, триење нешто. Домаќинката ги триеше нечистите садови со крпата. 3. Парче ткаенина, фротир што служи за бришење на раце, лице, тело; пешкир. Му ја подаде белата крпа да си ги избрише рацете. Крпа за лице. 4. Шамија (обично бела) со која жените ја покриваат главата, врзана под брадата. Со бела крпа на главата лежеше на креветот. 5. (прен.) Нешто што е старо, излитено, ветво; што не е за употреба; партал. ‖ крпичка, мн. крпички ж.; крпче, мн. крпчиња ср.; крпе (само едн.) ср. дем. и хип. ‖ крпиште, мн. крпишта ср. аугм. и пејор. ◊ Крпа се сторил / Блед како крпа – станал / е многу блед од болест или од страв.