крпеж
Значење на крпеж:
1. Постојано крпење, живот во сиромаштија. Не знам што го влече во тој крпеж и беда.
2. Тоа што е често крпено. Овој костум станал крпеж.
3. (прен.) Тоа што е набрзина, лошо направено, скрпено.
Множина: крпежи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крпеж и трпеж куќа врти – треба да се биде штедлив и трпелив, упорен за да се има живеење.
Оригинални податоци:
крпеж, мн. крпежи м. 1. Постојано крпење, живот во сиромаштија. Не знам што го влече во тој крпеж и беда. 2. Тоа што е често крпено. Овој костум станал крпеж. 3. (прен.) Тоа што е набрзина, лошо направено, скрпено. ◊ Крпеж и трпеж куќа врти – треба да се биде штедлив и трпелив, упорен за да се има живеење.