крпи
Значење на крпи:
1. Поправи нешто оштетено, пополни, затне дупки на оштетена површина, доведе во добра состојба. Жената ги крпеше чорапите. Тој го крпеше скинатиот опинок со некоја голема игла.
2. Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба. Тој крпеше бродови и чамци за да преживее. Ја крпеше колибата со 'ржаница. Секоја пролет ги крпат улиците.
3. (прен.) Тешко живее, живурка. Тој едвај крпеше.
Коњугација: крпат.
Изведени зборови:
- крпење, глаг. им. ср.
- се ~ крпи, Крпи свое, за себе. Тој сам се крпеше и се переше.
Оригинални податоци:
крпи, крпат несв. 1. Поправи нешто оштетено, пополни, затне дупки на оштетена површина, доведе во добра состојба. Жената ги крпеше чорапите. Тој го крпеше скинатиот опинок со некоја голема игла. 2. Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба. Тој крпеше бродови и чамци за да преживее. Ја крпеше колибата со 'ржаница. Секоја пролет ги крпат улиците. 3. (прен.) Тешко живее, живурка. Тој едвај крпеше. ● се ̴ Крпи свое, за себе. Тој сам се крпеше и се переше. ‖ глаг. им. крпење ср.