кршен

Придавка

Значење на кршен:

1. Што е скршен, што не е цел. Кршени ореви. Дај од кршениот леб.

2. Што е со убав, строен стас; силен. Кршна става. Кршна мома.

Членувана форма: кршниот.

Изведени зборови:

  • кршно, прил. Девојките кршно ги извиваа своите тела. Војниците одеа кршно.

Оригинални податоци:

кршен, кршниот прид. 1. Што е скршен, што не е цел. Кршени ореви. Дај од кршениот леб. 2. Што е со убав, строен стас; силен. Кршна става. Кршна мома. ‖ кршно прил. Девојките кршно ги извиваа своите тела. Војниците одеа кршно.