крши

Глагол, несвршен

Значење на крши:

1. Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови. Тој крши ореви. Детето ги кршеше гранките од дрвото.

2. Го извива, го ниша телото при одење. Крши снага.

3. (прен.) Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон. Крши закон. Крши правила.

Коњугација: кршат.

Изведени зборови:

  • кршење, глаг. им. ср.
  • се ~ крши, 1. Кон зн. 1. и 2. 2. (прен.) Се двоуми, се колеба. За таа работа тој многу се кршеше. 3. Се обложува со некого кршејќи јајце, јадец. Ајде да се кршиме.

Фразеолошки израз / поговорка:

Крши глава! – бегај подалеку од мене, прави што сакаш. Крши прсти – силно, очајно тагува. Кршат копја – се натегаат, се расправаат околу нешто.

Оригинални податоци:

крши, кршат несв. 1. Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови. Тој крши ореви. Детето ги кршеше гранките од дрвото. 2. Го извива, го ниша телото при одење. Крши снага. 3. (прен.) Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон. Крши закон. Крши правила. ● се ̴ 1. Кон зн. 1. и 2. 2. (прен.) Се двоуми, се колеба. За таа работа тој многу се кршеше. 3. Се обложува со некого кршејќи јајце, јадец. Ајде да се кршиме. ◊ Крши глава! – бегај подалеку од мене, прави што сакаш. Крши прсти – силно, очајно тагува. Кршат копја – се натегаат, се расправаат околу нешто. ‖ глаг. им. кршење ср.