крст

Именка, машки род

Значење на крст:

1. а) Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол. Дрвени крстови. Метален крст. б) Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст. Крстен знак. Направи крст со раката. в) Знак или предмет во облик на крст.

2. (прен.) Животно искушение, мака, страдање, тешка судбина. Секој го носи својот крст. Го понесе крстот.

3. Одликување, орден. Крст за храброст. Доби крст поради посебни заслуги.

4. (анат.) Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои се вкрстува. Чувствува болки во крстот. Ја боли крстот.

Множина: крста, крстови.

Изведени зборови:

  • крвче, и. ср. мн. крвчиња ; крсте, мн. крстиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бега како ѓавол од крст – се плаши, избегнува средба со некого. Тури му крст – стави му крај (како непотребно, неважно, изгубено). Тој е со крстот на чело – многу чесен, искрен, наивен. Црвен крст – меѓународна хуманитарна организација за помош на болни, настрадани и ранети.

Оригинални податоци:

крст, мн. крстови, избр. мн. крста м. 1. а) Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол. Дрвени крстови. Метален крст. б) Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст. Крстен знак. Направи крст со раката. в) Знак или предмет во облик на крст. 2. (прен.) Животно искушение, мака, страдање, тешка судбина. Секој го носи својот крст. Го понесе крстот. 3. Одликување, орден. Крст за храброст. Доби крст поради посебни заслуги. 4. (анат.) Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои се вкрстува. Чувствува болки во крстот. Ја боли крстот. ◊ Бега како ѓавол од крст – се плаши, избегнува средба со некого. Тури му крст – стави му крај (како непотребно, неважно, изгубено). Тој е со крстот на чело – многу чесен, искрен, наивен. Црвен крст – меѓународна хуманитарна организација за помош на болни, настрадани и ранети. ‖ крвче, мн. крвчиња ср.; крсте, мн. крстиња ср. дем.