крсти
Значење на крсти:
1. Изврши, врши верски обред, при што тој што се крштава добива име и се воведува во христијанската вера. В недела ќе си го крстат детето.
2. За вода, масло – осветува, свети со обред и молитва. Попот ќе крсти вода за славата в недела.
3. Прави крст со рака, прави крстен знак над некого; прекрстува. Попот го крстеше народот.
4. (разг.) Даде име, именува. Откако го крсти својот коњ, се прекрсти. Новото училиште уште не го крстиле.
5. (прен., разг., ирон.) Тури, тура вода во течност (вино, млеко). Дедо, си го крстил виново.
Коњугација: крстат.
Изведени зборови:
- крстење, глаг. им. ср.
- се ~ крсти, 1. Мине низ обред на крштавање. Се крстил на стари години. 2. Прави крстен знак; се прекрстува. Зеде да се крсти. Тие се крстеа во пченкарникот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Да се крстиш од чудо – премногу да се чудиш. Нашол црква кај да се крсти – нема да му успее, нема да помине кај некого, лажно се надева.
Оригинални податоци:
крсти, крстат св. и несв. 1. Изврши, врши верски обред, при што тој што се крштава добива име и се воведува во христијанската вера. В недела ќе си го крстат детето. 2. За вода, масло – осветува, свети со обред и молитва. Попот ќе крсти вода за славата в недела. 3. Прави крст со рака, прави крстен знак над некого; прекрстува. Попот го крстеше народот. 4. (разг.) Даде име, именува. Откако го крсти својот коњ, се прекрсти. Новото училиште уште не го крстиле. 5. (прен., разг., ирон.) Тури, тура вода во течност (вино, млеко). Дедо, си го крстил виново. ● се ̴ 1. Мине низ обред на крштавање. Се крстил на стари години. 2. Прави крстен знак; се прекрстува. Зеде да се крсти. Тие се крстеа во пченкарникот. ◊ Да се крстиш од чудо – премногу да се чудиш. Нашол црква кај да се крсти – нема да му успее, нема да помине кај некого, лажно се надева. ‖ глаг. им. крстење ср.