крстоса

Глагол, свршен

Значење на крстоса:

1. Постави нешто во облик на крст. Двете момчиња ги крстосаа дрвените сабји.

2. (почесто несв.) Се движи вдолж и вшир по определен терен или простор. Авионите неколку пати го крстосаа небото.

3. Спои животни или растенија од различни видови (за добивање хибриди); вкрсти. Ние крстосавме неколку сорти пченица.

Коњугација: крстосаат.

Изведени зборови:

  • крстосува, глаг. несв. крстосуваат
  • крстосување, глаг. им. ср.
  • се ~ крстоса, Се вкрсти, се сече, се поставува едно со друго вкрстено. Гранките од едниот ред се крстосале со гранките од другиот ред.

Оригинални податоци:

крстоса, крстосаат св. 1. Постави нешто во облик на крст. Двете момчиња ги крстосаа дрвените сабји. 2. (почесто несв.) Се движи вдолж и вшир по определен терен или простор. Авионите неколку пати го крстосаа небото. 3. Спои животни или растенија од различни видови (за добивање хибриди); вкрсти. Ние крстосавме неколку сорти пченица. ● се ̴ Се вкрсти, се сече, се поставува едно со друго вкрстено. Гранките од едниот ред се крстосале со гранките од другиот ред. ‖ крстосува, крстосуваат несв. ‖ глаг. им. крстосување ср.