крт 1

Именка, машки род

Зоологија.

Значење на крт:

Цицач што се храни со инсекти, живее под земја и има предни нозе и муцка приспособени за копање; Talpa europaea. Кртот е повеќе штетно отколку корисно животно.

Множина: кртови.

Изведени зборови:

  • кртица, и. ж. 1. сп. крт. 2. Женка на крт. ◊ Работи како крт (кртица) – многу е вреден.
  • кртовски, прид. кртовскиот
  • кртски, прид. кртскиот
  • кртуле, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

крт1, мн. кртови м. (зоол.) Цицач што се храни со инсекти, живее под земја и има предни нозе и муцка приспособени за копање; Talpa europaea. Кртот е повеќе штетно отколку корисно животно. ‖ кртица, мн. кртици ж. 1. сп. крт. 2. Женка на крт. ◊ Работи како крт (кртица) – многу е вреден. ‖ кртовски, кртовскиот прид. ‖ кртуле, мн. кртулиња ср. дем. ‖ кртски, кртскиот прид.