круг
Значење на круг:
1. (мат.) Дел од рамнина ограничен со кружница.
2. Место, пространство или предмет со кружна форма. Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште. Тој забележа бели кругови на кожата. Не можам да го скршам овој железен круг.
3. Затворен, ограничен простор. Кругот на касарната беше полн со војници. Болнички круг. Логорски круг.
4. Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик. Кругот што го формираа децата почна да се стеснува.
5. Кружна линија или патека на некого или на нешто. Авионот направи неколку круга над градот. Трчам во круг. Коњот се движеше во кругови.
6. (прен.) Затворен синџир, ред, низа на дејства или на настани кои сите заедно претставуваат целост. Земјоделските работи се одвиваат во круг.
7. (прен.) Подрачје, сфера, област на некоја дејност. Излегува од кругот на книжевноста. Во кругот на науката.
8. (прен.) Група луѓе здружени со некакви врски или интереси. Семеен круг. Круг на пријатели. Интимен круг.
9. (прен.) Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина. Книжевни кругови. Политички кругови.
10. (спорт.) а) Место каде што се гаѓа. Погоди во центарот на кругот. б) Број на погодоци во некои спортови, стрелечки и сл. По второто гаѓање нашиот натпреварувач има 800 круга.
11. Вид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени. Натпреварот во кругови само што не почнал.
Множина: круга, кругови.
Изведени зборови:
- крукче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се врти во (маѓепсан) круг – тапка во место; не наоѓа решение на нешто. На лево круг! (војн.) Војничка заповед. Поларен круг – паралелници што ги разделуваат поларните од умерените зони; северен поларен круг и јужен поларен круг.
Оригинални податоци:
круг, мн. кругови, избр. мн. круга м. 1. (мат.) Дел од рамнина ограничен со кружница. 2. Место, пространство или предмет со кружна форма. Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште. Тој забележа бели кругови на кожата. Не можам да го скршам овој железен круг. 3. Затворен, ограничен простор. Кругот на касарната беше полн со војници. Болнички круг. Логорски круг. 4. Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик. Кругот што го формираа децата почна да се стеснува. 5. Кружна линија или патека на некого или на нешто. Авионот направи неколку круга над градот. Трчам во круг. Коњот се движеше во кругови. 6. (прен.) Затворен синџир, ред, низа на дејства или на настани кои сите заедно претставуваат целост. Земјоделските работи се одвиваат во круг. 7. (прен.) Подрачје, сфера, област на некоја дејност. Излегува од кругот на книжевноста. Во кругот на науката. 8. (прен.) Група луѓе здружени со некакви врски или интереси. Семеен круг. Круг на пријатели. Интимен круг. 9. (прен.) Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина. Книжевни кругови. Политички кругови. 10. (спорт.) 1. а) Место каде што се гаѓа. Погоди во центарот на кругот. б) Број на погодоци во некои спортови, стрелечки и сл. По второто гаѓање нашиот натпреварувач има 800 круга. 2. Вид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени. Натпреварот во кругови само што не почнал. ◊ Се врти во (маѓепсан) круг – тапка во место; не наоѓа решение на нешто. На лево круг! (војн.) Војничка заповед. Поларен круг – паралелници што ги разделуваат поларните од умерените зони; северен поларен круг и јужен поларен круг. ‖ крукче, мн. крукчиња ср. дем.