круна

Именка, машки род

Значење на круна:

1. Златен венец или вид капа со скапоцени украси за монарх како симбол на власт и на достоинство. Кралска круна. Царска круна.

2. Владетелска власт и самиот владетел како носител на власта. По заповед на круната.

3. Венец или нешто слично што се става на глава како симбол на нешто. Кумот трипати им ги размени круните на младенците.

4. Светол ореол околу сонцето при затемнување. Сончева круна.

5. (бот.) а) Горните гранки на дрвото. Дрвјата во градината имаа раскошни круни. б) Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња. Цветна круна.

6. (зоол.) Перје на главата на некои птици што потсетува на круна.

7. (прен.) Највисок степен на нешто. Бракот е круна на љубовта.

8. Парична единица во некои држави.

Множина: круни.

Изведени зборови:

  • круничка, и. ж. дем. кон зн. 1, 3, 5 и 6.
  • крунски, прид. крунскиот Што се однесува на круна, што припаѓа на круна. Крунски совет. Крунски дијамант.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ќе му падне круната – ќе ја изгуби честа, достоинството.

Оригинални податоци:

круна, мн. круни м. 1. Златен венец или вид капа со скапоцени украси за монарх како симбол на власт и на достоинство. Кралска круна. Царска круна. 2. Владетелска власт и самиот владетел како носител на власта. По заповед на круната. 3. Венец или нешто слично што се става на глава како симбол на нешто. Кумот трипати им ги размени круните на младенците. 4. Светол ореол околу сонцето при затемнување. Сончева круна. 5. (бот.) а) Горните гранки на дрвото. Дрвјата во градината имаа раскошни круни. б) Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња. Цветна круна. 6. (зоол.) Перје на главата на некои птици што потсетува на круна. 7. (прен.) Највисок степен на нешто. Бракот е круна на љубовта. 8. Парична единица во некои држави. ◊ Ќе му падне круната – ќе ја изгуби честа, достоинството. ‖ круничка, мн. крунички ж. дем. кон зн. 1, 3, 5 и 6. ‖ крунски, крунскиот прид. Што се однесува на круна, што припаѓа на круна. Крунски совет. Крунски дијамант.