круниса

Глагол, свршен

Значење на круниса:

1. Стави круна на глава при стапување на престол како симбол на владетелска моќ. Го крунисаа за крал.

2. (прен.) Заврши нешто успешно, се најде на врвот на нешто. Неговата политичка кариера ја круниса со заминување на амбасадорска должност.

Коњугација: крунисаат.

Изведени зборови:

  • крунисување, глаг. им. ср.
  • се ~ круниса, 1. Се прогласи за владетел; прими круна како симбол на владетелска моќ. Самоил се круниса за цар. 2. (прен.) Се заврши нешто успешно; има резултат од нешто. Нашите напори се крунисаа со успех.
  • (се) крунисува, глаг. несв. (се) крунисуваат

Оригинални податоци:

круниса, крунисаат св. 1. Стави круна на глава при стапување на престол како симбол на владетелска моќ. Го крунисаа за крал. 2. (прен.) Заврши нешто успешно, се најде на врвот на нешто. Неговата политичка кариера ја круниса со заминување на амбасадорска должност. ● се ̴ 1. Се прогласи за владетел; прими круна како симбол на владетелска моќ. Самоил се круниса за цар. 2. (прен.) Се заврши нешто успешно; има резултат од нешто. Нашите напори се крунисаа со успех. ‖ (се) крунисува, (се) крунисуваат несв. ‖ глаг. им. крунисување ср.