кружен
Значење на кружен:
1. Што му припаѓа на круг. Кружна отсечка. Кружен лак.
2. Што има облик на круг. Ископа кружна дупка за да се собира водата.
3. Што се врши во круг, во обиколување.
Членувана форма: кружниот.
Изведени зборови:
- кружно, прил. На кружен начин. Во темнината светилките кружно си го отвораат патот. Почна да шета кружно.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кружен тек – место каде што се вкрстуваат повеќе улици и сообраќајот се одвива во круг според определени правила. Кружно движење. Кружно патување.
Оригинални податоци:
кружен, кружниот прид. 1. Што му припаѓа на круг. Кружна отсечка. Кружен лак. 2. Што има облик на круг. Ископа кружна дупка за да се собира водата. 3. Што се врши во круг, во обиколување. ◊ Кружен тек – место каде што се вкрстуваат повеќе улици и сообраќајот се одвива во круг според определени правила. Кружно движење. Кружно патување. ‖ кружно прил. На кружен начин. Во темнината светилките кружно си го отвораат патот. Почна да шета кружно.