кружи
Значење на кружи:
1. Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто. Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки. Над бојното поле кружеа авиони.
2. Тече, струи, циркулира во тело, механизам и сл., повторувајќи го истиот пат. Крвта кружи во телото. Топлата вода кружи низ механизмот на инсталациите на парното греење.
3. Се протега во кружна линија. Патот кружи околу градот.
4. (прен.) Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек. По селата кружеа агитатори на неколку партии. Шишето со ракија кружеше од рака на рака.
Коњугација: кружат.
Изведени зборови:
- кружење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
кружи, кружат несв. 1. Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто. Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки. Над бојното поле кружеа авиони. 2. Тече, струи, циркулира во тело, механизам и сл., повторувајќи го истиот пат. Крвта кружи во телото. Топлата вода кружи низ механизмот на инсталациите на парното греење. 3. Се протега во кружна линија. Патот кружи околу градот. 4. (прен.) Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек. По селата кружеа агитатори на неколку партии. Шишето со ракија кружеше од рака на рака. ‖ глаг. им. кружење ср.