крв
Значење на крв:
1. Црвена течност што тече низ крвните садови на човекот и животните и ги обезбедува хранењето и размената на материите во клетките. Артериска крв. Крв од вена. Му тече крв од носот.
2. (прен.) Потомство, пород, сој, раса, потекло. Благородничка крв. Расни коњи од чиста крв.
3. (прен.) Убиство, пролевање крв, крвнина. Убиството на момчето со крв ќе се плаќа. Мостот со крв го ослободија.
Множина: крвје, крвови.
Изведени зборови:
- крвиште, и. ср. аугм. и пејор.
- крвца, и. ж. (само едн.) дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крв за крв – убиство за убиство, живот за живот. Во крвта му е – тоа го носи од раѓање, својствено му е. Има врела крв – многу е темпераментен. До последната капка крв – до смрт. Зла/лоша крв – човек што прави зло наоколу. Крвта вода не станува – секој оди кај своите, секој им простува на своите. Пролие недолжна крв – убие невин човек. Падна крв – некој загина. Ќе падне крв – ќе биде опасно. Пие, цица крв (некому) – измачува некого до крајни граници. (Тоа) ми (ти, му ...) влезе (влегло) во крвта – помине нешто во навик. Ми (ти, му ...) врие крвта – млад сум, полн енергија. Ми (ти, му ...) удри крвта во главата – пламнав, силно се вознемирив. Со некого е на крв на нож – е во многу лоши односи. Човек со модра/сина крв – човек со благородничко потекло, поинаков од другите. Данок во крв – (истор.) одземање на машки деца од страна на турската власт од христијанското население, нивно потурчување, од нив била регрутирана јаничарската војска. Крв ми (ти, му...) е – роднини сме. Му (ми, ти...) мрзне крвта во жилите – чувствува голем страв. Напишано со крв – искрено, со многу чувства. Со памук крвта му ја вади – се однесува лицемерно, а всушност постојано мачи некого. Внесе зла крв меѓу нив – ги раскара, направи раздор. Род по крв – крвно сродство.
Оригинални податоци:
крв, мн. крвови, зб. мн. крвје ж. 1. Црвена течност што тече низ крвните садови на човекот и животните и ги обезбедува хранењето и размената на материите во клетките. Артериска крв. Крв од вена. Му тече крв од носот. 2. (прен.) Потомство, пород, сој, раса, потекло. Благородничка крв. Расни коњи од чиста крв. 3. (прен.) Убиство, пролевање крв, крвнина. Убиството на момчето со крв ќе се плаќа. Мостот со крв го ослободија. ◊ Крв за крв – убиство за убиство, живот за живот. Во крвта му е – тоа го носи од раѓање, својствено му е. Има врела крв – многу е темпераментен. До последната капка крв – до смрт. Зла/лоша крв – човек што прави зло наоколу. Крвта вода не станува – секој оди кај своите, секој им простува на своите. Пролие недолжна крв – убие невин човек. Падна крв – некој загина. Ќе падне крв – ќе биде опасно. Пие, цица крв (некому) – измачува некого до крајни граници. (Тоа) ми (ти, му ...) влезе (влегло) во крвта – помине нешто во навик. Ми (ти, му ...) врие крвта – млад сум, полн енергија. Ми (ти, му ...) удри крвта во главата – пламнав, силно се вознемирив. Со некого е на крв на нож – е во многу лоши односи. Човек со модра/сина крв – човек со благородничко потекло, поинаков од другите. Данок во крв – (истор.) одземање на машки деца од страна на турската власт од христијанското население, нивно потурчување, од нив била регрутирана јаничарската војска. Крв ми (ти, му...) е – роднини сме. Му (ми, ти...) мрзне крвта во жилите – чувствува голем страв. Напишано со крв – искрено, со многу чувства. Со памук крвта му ја вади – се однесува лицемерно, а всушност постојано мачи некого. Внесе зла крв меѓу нив – ги раскара, направи раздор. Род по крв – крвно сродство. ‖ крвца (само едн.) ж. дем. и хип. ‖ крвиште, мн. крвишта ср. аугм. и пејор.