крвав
Значење на крвав:
1. Што е од крв, во што има крв, што е со крв, што крвави. Крвава флека. Крвава вода. Крвави раце. Крвава рана. Крвав завој.
2. Што е исполнет или постигнат со крвопролевање, со убиство. Крвава битка. Крвава историја. Крвав престол.
3. (прен.) Што е стекнат со тешка мака, што е заработен со голем труд. Печалбарските пари се крвави.
4. (прен.) Што причинува болка, страдање, што е многу мачен. Крвава тага. Крвава болка.
5. (прен.) Немилосрден, строг. Крвав џелат. Крвав арачлија.
6. (прен.) Што е омрзнат, одвратен, неподнослив. Крваво ми е пред очите кога го гледам.
7. (прен.) Што личи на крв, што има боја на крв.
Членувана форма: крвавиот.
Изведени зборови:
- крваво, прил. Крваво се караат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крвави солзи (лее) – голема мака, патење, болка. Крвава пот – голема, напорна, исцрпувачка работа.
Оригинални податоци:
крвав, крвавиот прид. 1. Што е од крв, во што има крв, што е со крв, што крвави. Крвава флека. Крвава вода. Крвави раце. Крвава рана. Крвав завој. 2. Што е исполнет или постигнат со крвопролевање, со убиство. Крвава битка. Крвава историја. Крвав престол. 3. (прен.) Што е стекнат со тешка мака, што е заработен со голем труд. Печалбарските пари се крвави. 4. (прен.) Што причинува болка, страдање, што е многу мачен. Крвава тага. Крвава болка. 5. (прен.) Немилосрден, строг. Крвав џелат. Крвав арачлија. 6. (прен.) Што е омрзнат, одвратен, неподнослив. Крваво ми е пред очите кога го гледам. 7. (прен.) Што личи на крв, што има боја на крв. ◊ Крвави солзи (лее) – голема мака, патење, болка. Крвава пот – голема, напорна, исцрпувачка работа. ‖ крваво прил. Крваво се караат.