крволочен
Значење на крволочен:
1. Што е жеден за пролевање крв и за убиства. Крволочен убиец. Крволочна војска.
2. Што убива за да се храни од месото на жртвата. Крволочен волк. Крволочни ѕверови.
3. Што изразува крволочност. Крволочен крик. Крволочен порив.
Членувана форма: крволочниот.
Изведени зборови:
- крволочно, прил. Крволочно гледа. Крволочно напаѓа.
- крволочност, и. ж.
Оригинални податоци:
крволочен, крволочниот прид. 1. Што е жеден за пролевање крв и за убиства. Крволочен убиец. Крволочна војска. 2. Што убива за да се храни од месото на жртвата. Крволочен волк. Крволочни ѕверови. 3. Што изразува крволочност. Крволочен крик. Крволочен порив. ‖ крволочно прил. Крволочно гледа. Крволочно напаѓа. ‖ крволочност ж.