кубе

Глагол, несвршен

Значење на кубе:

Вади од корен (од основата) нешто (влакно, пердув и сл.) Таа ги кубеше белите влакна. Тој ја кубеше тревата. Старата ја кубеше закланата кокошка.

Коњугација: кубаа , кубав , кубал , кубан, кубат , кубеа , кубев , кубејќи , кубел , кубен , кубете , куби .

Изведени зборови:

  • кубење, глаг. им. ср.
  • се ~ кубе, Таа се кубеше.

Фразеолошки израз / поговорка:

Коси кубе – тагува, плаче.

Оригинални податоци:

кубе, кубат; куби, кубете; кубев, кубеа; кубел; кубен; кубејќи; кубав, кубаа; кубал; кубан несв. Вади од корен (од основата) нешто (влакно, пердув и сл.) Таа ги кубеше белите влакна. Тој ја кубеше тревата. Старата ја кубеше закланата кокошка. ● се ̴ Таа се кубеше. ◊ Коси кубе – тагува, плаче. ‖ глаг. им. кубење ср.