куче
Значење на куче:
1. Домашно животно што лае и обично има улога на чувар, пес; Canis familiaris. Куче чувар. Бесно куче. Полициско куче. Верно куче. Цела ноќ кучињата лаат.
2. (прен.) Лош човек, крвник, проклетник. Го прелага она куче предавничко. Куче ниедно!
Множина: кучиња.
Изведени зборови:
- кутре, и. ср. мн. кутриња , кученце, мн. кученца дем. и хип. ◊ Ќе ти помине како на кутре – ќе заздрави раната многу брзо.
- кучиште, и. ср. аугм. и пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Село без кучиња – незаштитено место. Нема ни куче ни маче – сиромав, осамен човек. Рани куче да те лае – за неблагодарен човек.
Оригинални податоци:
куче, мн. кучиња ср. 1. Домашно животно што лае и обично има улога на чувар, пес; Canis familiaris. Куче чувар. Бесно куче. Полициско куче. Верно куче. Цела ноќ кучињата лаат. 2. (прен.) Лош човек, крвник, проклетник. Го прелага она куче предавничко. Куче ниедно! ◊ Село без кучиња – незаштитено место. Нема ни куче ни маче – сиромав, осамен човек. Рани куче да те лае – за неблагодарен човек. ‖ кутре, мн. кутриња ср., кученце, мн. кученца ср. дем. и хип. ◊ Ќе ти помине како на кутре – ќе заздрави раната многу брзо. ‖ кучиште, мн. кучишта ср. аугм. и пејор.