кучешки

Придавка

Значење на кучешки:

Што се однесува на куче. Кучешки лаеж. Кучешка храна.

Членувана форма: кучешкиот.

Изведени зборови:

  • кучешки, прил. Како куче. Кучешки живеел, кучешки умрел.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кучешки живот – тежок, беден живот. Кучешки заб – песјак. Кучешко време – лошо време.

Оригинални податоци:

кучешки, кучешкиот прид. Што се однесува на куче. Кучешки лаеж. Кучешка храна. ◊ Кучешки живот – тежок, беден живот. Кучешки заб – песјак. Кучешко време – лошо време. ‖ кучешки прил. Како куче. Кучешки живеел, кучешки умрел.