кучка

Именка, женски род

Значење на кучка:

1. Женка од куче. Кучката ги лиже кутрињата. Ја најдоа кучката окучена.

2. (прен.) Зла, лоша, погана жена. Кучко една! Навистина си кучка!

Множина: кучки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брзата кучка слепи кучиња раѓа – ако набрзина се прават работите, резултатот може да биде неповолен.

Оригинални податоци:

кучка, мн. кучки ж. 1. Женка од куче. Кучката ги лиже кутрињата. Ја најдоа кучката окучена. 2. (прен.) Зла, лоша, погана жена. Кучко една! Навистина си кучка! ◊ Брзата кучка слепи кучиња раѓа – ако набрзина се прават работите, резултатот може да биде неповолен.