кујна

Именка, женски род

Значење на кујна:

1. Просторија во стан, во угостителски објект итн. каде што се готви јадење. Сите побрзаа кон кујната. Таа влезе во кујната.

2. Начин на готвење, типични јадења (за одделен народ, регион и сл.). Македонска кујна. Вегетаријанска кујна. Млечна кујна.

3. Мебел со кој е опремена просторијата во која се готви. Купивме нова кујна.

4. (прен., разг.) Подготвување, местење нешто во затворен круг, изведување некаква измама. Тоа е испланирано во некоја кујна.

Множина: кујни.

Изведени зборови:

  • кујничка, и. ж. мн. кујнички ; кујниче, мн. кујничиња ср. дем. кон зн. 1 и 3.
  • кујнски, прид. кујнскиот Кујнска маса. Кујнски нож.

Оригинални податоци:

кујна, мн. кујни ж. 1. Просторија во стан, во угостителски објект итн. каде што се готви јадење. Сите побрзаа кон кујната. Таа влезе во кујната. 2. Начин на готвење, типични јадења (за одделен народ, регион и сл.). Македонска кујна. Вегетаријанска кујна. Млечна кујна. 3. Мебел со кој е опремена просторијата во која се готви. Купивме нова кујна. 4. (прен., разг.) Подготвување, местење нешто во затворен круг, изведување некаква измама. Тоа е испланирано во некоја кујна. ‖ кујничка, мн. кујнички ж.; кујниче, мн. кујничиња ср. дем. кон зн. 1 и 3. ‖ кујнски, кујнскиот прид. Кујнска маса. Кујнски нож.