кука
Значење на кука:
1. Железна, дрвена или пластична прачка, свиткана на едниот или на двата краја што служи за обесување. Низите од тутун се обесуваат со куки.
2. Долга железна или дрвена прачка свиткана на едниот крај што служи да се дофати, да се привлече нешто. Со долга кука ги извлекуваа удавените од реката.
3. Подвиткан врв на игла за плетење.
4. Невешто напишани букви, лош ракопис. Што се овие куки и кукачки.
5. Кривина, завој на река или на пат.
Множина: куки.
Изведени зборови:
- кукичка, и. ж. мн. кукички ; кукиче, мн. кукички ср.; кукаче, мн. кукачиња ср. дем.
Оригинални податоци:
кука, мн. куки ж. 1. Железна, дрвена или пластична прачка, свиткана на едниот или на двата краја што служи за обесување. Низите од тутун се обесуваат со куки. 2. Долга железна или дрвена прачка свиткана на едниот крај што служи да се дофати, да се привлече нешто. Со долга кука ги извлекуваа удавените од реката. 3. Подвиткан врв на игла за плетење. 4. мн. Невешто напишани букви, лош ракопис. Што се овие куки и кукачки. 5. Кривина, завој на река или на пат. ‖ кукичка, мн. кукички ж.; кукиче, мн. кукички ср.; кукаче, мн. кукачиња ср. дем.