куќа

Именка, женски род

Значење на куќа:

1. Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење; живеалиште. Градат куќа. Купија нова куќа. Ја чисти куќата.

2. (прен., разг.) Тоа што служи како живеалиште. Кучешка куќа.

3. Род, семејство, домаќинство, родителски дом. Комита куќа не гледа. Си замина од куќата. Зедоа невеста од добра куќа.

4. (прен.) Установа, претпријатие, фирма. Театарска куќа. Издавачка куќа. Трговска куќа.

5. Во селска куќа – просторија во која се наоѓа огништето и каде што се готви. В куќа се сиреше млекото.

Множина: куќи.

Изведени зборови:

  • куќаре, и. ж. мн. куќариња ср., куќарка, мн. куќарки , куќарче, мн. куќарчиња ср. дем; куќичка, мн. куќички дем. и хип. ◊ Своја куќичка – своја слободичка – дома си најслободен да правиш што сакаш.
  • куќиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Куќи куќа – создава домаќинство. Јавна куќа – бордел. Луда куќа – општ хаос, големо безредие. Вечна куќа – гроб. Плаче куќа за куќница – домаќинка домот го одржува. Нема ни куќа ни куќнина – сиромав, незадомен. Ја дигна/крена куќата на глава – направи хаос дома. Врти куќа – добар домаќин е.

Оригинални податоци:

куќа, мн. куќи ж. 1. Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење; живеалиште. Градат куќа. Купија нова куќа. Ја чисти куќата. 2. (прен., разг.) Тоа што служи како живеалиште. Кучешка куќа. 3. Род, семејство, домаќинство, родителски дом. Комита куќа не гледа. Си замина од куќата. Зедоа невеста од добра куќа. 4. (прен.) Установа, претпријатие, фирма. Театарска куќа. Издавачка куќа. Трговска куќа. 5. Во селска куќа – просторија во која се наоѓа огништето и каде што се готви. В куќа се сиреше млекото. ◊ Куќи куќа – создава домаќинство. Јавна куќа – бордел. Луда куќа – општ хаос, големо безредие. Вечна куќа – гроб. Плаче куќа за куќница – домаќинка домот го одржува. Нема ни куќа ни куќнина – сиромав, незадомен. Ја дигна/крена куќата на глава – направи хаос дома. Врти куќа – добар домаќин е. ‖ куќаре, мн. куќариња ср., куќарка, мн. куќарки ж., куќарче, мн. куќарчиња ср. дем; куќичка, мн. куќички ж. дем. и хип. ◊ Своја куќичка – своја слободичка – дома си најслободен да правиш што сакаш. ‖ куќиште, мн. куќишта ср. аугм.