куќен
Значење на куќен:
1. Што се однесува на куќа, што е дел од куќа. Куќна врата. Куќен праг. Куќни садови.
2. Што се однесува на животот во куќата. Куќен мир. Куќен ред.
3. домашен и 2.
Членувана форма: куќниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Куќен праг – свој дом.
Оригинални податоци:
куќен, куќниот прид. 1. Што се однесува на куќа, што е дел од куќа. Куќна врата. Куќен праг. Куќни садови. 2. Што се однесува на животот во куќата. Куќен мир. Куќен ред. 3. сп. домашен 1. и 2. ◊ Куќен праг – свој дом.