кукне
Значење на кукне:
1. За кукавица – се огласи, испушти звук само еднаш. Кукавицата кукна во шумата.
2. (прен.) Остане некаде долго не по своја желба, окапе некаде.
3. (прен.) Се роди. Таа мрза кукнала, мрза и ќе се искине! Човекот ќе се најде себеси таму каде што кукнал.
Коњугација: (ќе) кукнеа , (ќе) кукнев , (ќе) кукнел, кукнаа , кукнав , кукнал , кукнат , кукнат , кукнете , кукни .
Изведени зборови:
- кукнува, глаг. повт. кукнуваат
- кукнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Како кукна да не кукнеше! – клетва.
Оригинални податоци:
кукне, кукнат; кукни, кукнете; кукнав, кукнаа; кукнал; кукнат; (ќе) кукнев, (ќе) кукнеа; (ќе) кукнел св. 1. За кукавица – се огласи, испушти звук само еднаш. Кукавицата кукна во шумата. 2. (прен.) Остане некаде долго не по своја желба, окапе некаде. 3. (прен.) Се роди. Таа мрза кукнала, мрза и ќе се искине! Човекот ќе се најде себеси таму каде што кукнал. ◊ Како кукна да не кукнеше! – клетва. ‖ кукнува, кукнуваат повт. ‖ глаг. им. кукнување ср.