кукумјавка

Именка, женски род

Значење на кукумјавка:

1. (зоол.) Ноќна птица (за која се верува дека со гласот предвидува, претскажува несреќа); Athene noctua indigena. Некаде жално крикна кукумјавка и сè се смири.

2. (прен.) Личност што постојано кука, коби, претскажува зло. Тој е кукумјавка.

Множина: кукумјавки.

Оригинални податоци:

кукумјавка, мн. кукумјавки ж. 1. (зоол.) Ноќна птица (за која се верува дека со гласот предвидува, претскажува несреќа); Athene noctua indigena. Некаде жално крикна кукумјавка и сè се смири. 2. (прен.) Личност што постојано кука, коби, претскажува зло. Тој е кукумјавка.