кукурек 1
Ботаника.
Значење на кукурек:
1. Многугодишно растение со длановидни и расечени лисја до основата, со крупни светлозелени цветови, весник на пролетта; Helleborus odorus. Од под земјата се подаваше кукурек, гороцвеќе.
2. (разг.) Витален здрав човек.
Множина: кукуреци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ќе те направам кукурек (до утре) – ќе те оздравам.
Оригинални податоци:
кукурек1, мн. кукуреци м. (бот.) 1. Многугодишно растение со длановидни и расечени лисја до основата, со крупни светлозелени цветови, весник на пролетта; Helleborus odorus. Од под земјата се подаваше кукурек, гороцвеќе. 2. (разг.) Витален здрав човек. ◊ Ќе те направам кукурек (до утре) – ќе те оздравам.