кула
Значење на кула:
1. (истор.) Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена. Маркови кули. Кулите на нашето кале се многу убави.
2. Самостојна, тесна, висока градба со различна намена (градски часовник, светилник и сл.).
3. Висока (обично станбена) зграда. Живеам на највисокиот кат од кулата.
Множина: кули.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ветува златни кули – премногу ветува. Ѕида (гради) кули во воздух – се занесува со големи, неостварливи планови.
Оригинални податоци:
кула, мн. кули ж. 1. (истор.) Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена. Маркови кули. Кулите на нашето кале се многу убави. 2. Самостојна, тесна, висока градба со различна намена (градски часовник, светилник и сл.). 3. Висока (обично станбена) зграда. Живеам на највисокиот кат од кулата. ◊ Ветува златни кули – премногу ветува. Ѕида (гради) кули во воздух – се занесува со големи, неостварливи планови.