кулминација

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на кулминација:

1. (астр.) Премин на небесно тело низ меридијанот на дадено место од Земјата.

2. Највисок степен во развојот на некоја појава, врвна точка. Интензитетот на играта достигна кулминација.

Изведени зборови:

  • кулминациски, прид. кулминацискиот Кулминациска точка.

Оригинални податоци:

кулминација (само едн.) ж. 1. (астр.) Премин на небесно тело низ меридијанот на дадено место од Земјата. 2. Највисок степен во развојот на некоја појава, врвна точка. Интензитетот на играта достигна кулминација. ‖ кулминациски, кулминацискиот прид. Кулминациска точка.