куп 1
Значење на куп:
1. Големо количество од несредени еднакви или различни нешта, истурени или нафрлени на едно место. Куп песок. Куп пченица. Куп јаболка. Куп алишта. Купишта хартија 2. Мало заоблено возвишение.
2. (прен.) Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство. Се насобрал куп народ, не може да се помине.
Множина: купа, купишта, купови.
Изведени зборови:
- купиште, и. ср. аугм.
- купче, и. ср. ; купченце дем.
Оригинални податоци:
куп1, мн. купови, избр. мн. купа, зб. мн. купишта м. 1. Големо количество од несредени еднакви или различни нешта, истурени или нафрлени на едно место. Куп песок. Куп пченица. Куп јаболка. Куп алишта. Купишта хартија 2. Мало заоблено возвишение. 3. (прен.) Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство. Се насобрал куп народ, не може да се помине. ‖ купче, мн. купчиња ср.; купченце ср. дем. ‖ купиште, мн. купишта ср. аугм.