куп 2
Значење на куп:
1. Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување. Нашата екипа го освои купот.
2. Систем на одигрување спортски натпревари меѓу поголем број екипи или поединци, при што победениот отпаѓа од натамошните натпреварувања, а победникот се добива во финалниот натпревар. Фудбалски куп. Светски куп во скијање. Куп-систем. Куп-натпревари.
Множина: купа, купови.
Оригинални податоци:
куп2, мн. купови, избр. мн. купа м. 1. Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување. Нашата екипа го освои купот. 2. Систем на одигрување спортски натпревари меѓу поголем број екипи или поединци, при што победениот отпаѓа од натамошните натпреварувања, а победникот се добива во финалниот натпревар. Фудбалски куп. Светски куп во скијање. Куп-систем. Куп-натпревари.