купи

Глагол, свршен

Значење на купи:

1. Добие во сопственост плаќајќи со пари. Ти купив басма. Купи пиперки од пазар. Ја купи нивата. Купи куќа на вересија.

2. (пејор.) Привлече на своја страна со мито, ласкање; поткупи. Ги купил судиите.

3. (прен.) Научи, усвои. Му го купи занаетот.

Коњугација: купат.

Изведени зборови:

  • купува, глаг. несв. купуваат
  • купување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Купи мачка во вреќа – купи непроверена стока. Купи под рака – купи нешто што не е во официјална или легална продажба, скриено, тајно.

Оригинални податоци:

купи, купат св. 1. Добие во сопственост плаќајќи со пари. Ти купив басма. Купи пиперки од пазар. Ја купи нивата. Купи куќа на вересија. 2. (пејор.) Привлече на своја страна со мито, ласкање; поткупи. Ги купил судиите. 3. (прен.) Научи, усвои. Му го купи занаетот. ◊ Купи мачка во вреќа – купи непроверена стока. Купи под рака – купи нешто што не е во официјална или легална продажба, скриено, тајно. ‖ купува, купуваат несв. ‖ глаг. им. купување ср.