купон
Значење на купон:
1. Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда.
2. Исечок од влезница што се одзема при влегување. Ги собра контролните купони од претставата.
3. Исечок, дел од некоја целина што се пополнува. Собира купони за наградна игра.
4. Карта за рационално снабдување; бон. На народот му делеа купони за леб.
Множина: купони.
Изведени зборови:
- купонски, прид. купонскиот Купонски систем.
- купонче, и. ср. дем. и хип.
Оригинални податоци:
купон, мн. купони м. 1. Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда. 2. Исечок од влезница што се одзема при влегување. Ги собра контролните купони од претставата. 3. Исечок, дел од некоја целина што се пополнува. Собира купони за наградна игра. 4. Карта за рационално снабдување; бон. На народот му делеа купони за леб. ‖ купонче, мн. купончиња ср. дем. и хип. ‖ купонски, купонскиот прид. Купонски систем.