курбан
Значење на курбан:
1. Кај муслиманите – животно, обично овен, што се коле за Курбан Бајрам. Му таксал црн овен курбан на Алах.
2. Жртва воопшто. Приготвените јадења се раздавале за курбан.
Множина: курбани.
Фразеолошки израз / поговорка:
Отиде курбан – 1. отиде непотребно, напразно, за бадијала. 2. загине беспотребно, бесцелно.
Оригинални податоци:
курбан, мн. курбани м. 1. Кај муслиманите – животно, обично овен, што се коле за Курбан Бајрам. Му таксал црн овен курбан на Алах. 2. Жртва воопшто. Приготвените јадења се раздавале за курбан. ◊ Отиде курбан – 1. отиде непотребно, напразно, за бадијала. 2. загине беспотребно, бесцелно.