курс
Значење на курс:
1. Правец по кој се движи брод, авион и сл.
2. Насока, линија на дејствување на партија, организација и сл. Политичарите го заоструваа курсот. Ова е генерален курс на партијата.
3. Систематско излагање од определена научна област. Курс по лингвистика.
4. Кратка настава и обука од теоријата и практиката на некоја наука или струка. Летни курсеви. Противпожарен курс. Угостителски курс.
5. Дневна цена на валутите, акциите, хартиите од вредност или на некои стоки на берзата. Курсот на доларот е неповолен.
Множина: курсеви.
Оригинални податоци:
курс, мн. курсеви м. 1. Правец по кој се движи брод, авион и сл. 2. Насока, линија на дејствување на партија, организација и сл. Политичарите го заоструваа курсот. Ова е генерален курс на партијата. 3. Систематско излагање од определена научна област. Курс по лингвистика. 4. Кратка настава и обука од теоријата и практиката на некоја наука или струка. Летни курсеви. Противпожарен курс. Угостителски курс. 5. Дневна цена на валутите, акциите, хартиите од вредност или на некои стоки на берзата. Курсот на доларот е неповолен.