кус
Значење на кус:
1. краток. Куси ракави. Куса прошетка. Кус одговор. Кус разговор.
2. Што е низок, што е мал по раст. Кусо петле. Кус врабец. Кусо магаре.
3. Што е без опаш. Куса мачка. Кусото куче.
4. (обично член.) Народен назив за месецот февруари; сечко.
Членувана форма: кусиот.
Изведени зборови:
- кусичок, прид. кусичкиот дем. и хип.
- кусо, прил. Разговараа кусо. Го пресече кусо.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кус во умот – недоволно паметен, слабоумен. Го качи на кусо магаре – искара, казни некого. Влече кусо-долго – на ждрепка одлучува.
Оригинални податоци:
кус, кусиот прид. 1. сп. краток. Куси ракави. Куса прошетка. Кус одговор. Кус разговор. 2. Што е низок, што е мал по раст. Кусо петле. Кус врабец. Кусо магаре. 3. Што е без опаш. Куса мачка. Кусото куче. 4. (обично член.) Народен назив за месецот февруари; сечко. ◊ Кус во умот – недоволно паметен, слабоумен. Го качи на кусо магаре – искара, казни некого. Влече кусо-долго – на ждрепка одлучува. ‖ кусичок, кусичкиот прид. дем. и хип. ‖ кусо прил. Разговараа кусо. Го пресече кусо.