куси
Значење на куси:
1. Прави кус или покус, скратува, смалува. Ги куси панталоните.
2. Намалува, одзема дел, задржува дел од нешто. Ги кусат работничките права. Две банки ми кусиш, чорбаџике! Им куси од лебот на децата.
Коњугација: кусат.
Изведени зборови:
- кусење, глаг. им. ср.
- се ~ куси, Се намалува, станува сѐ помалку. Се куси селото. Во есен денот се куси.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си куси од залакот – гладува. Му (ми, ти, ...) се кусат дните – се ближи крајот некому, деновите се избројани. Не си куси од ништо – не се воздржува од ништо.
Оригинални податоци:
куси, кусат несв. 1. Прави кус или покус, скратува, смалува. Ги куси панталоните. 2. Намалува, одзема дел, задржува дел од нешто. Ги кусат работничките права. Две банки ми кусиш, чорбаџике! Им куси од лебот на децата. ● се ~ Се намалува, станува сѐ помалку. Се куси селото. Во есен денот се куси. ◊ Си куси од залакот – гладува. Му (ми, ти, ...) се кусат дните – се ближи крајот некому, деновите се избројани. Не си куси од ништо – не се воздржува од ништо. ‖ глаг. им. кусење ср.