кусурлија
Разговорен збор, израз.
Неменлив по род.
Значење на кусурлија:
1. Што има некаков недостаток, мана. Иако кусурлија, повеќе работеше од другите.
2. Што лесно се навредува. Овие кусурлииве триста маани ќе ти измислат. Кусурлијата пак се навреди.
Множина: кусурлии.
Оригинални податоци:
кусурлија немен. по род, мн. кусурлии прид. (разг.) 1. Што има некаков недостаток, мана. Иако кусурлија, повеќе работеше од другите. 2. Што лесно се навредува. Овие кусурлииве триста маани ќе ти измислат. Кусурлијата пак се навреди.