кутија
Значење на кутија:
1. Предмет во облик на сандаче со капак од картон, дрво, лим и др. со различна намена. Резбана кутија. Кутија со бонбони. Кутија за чевли. Гласачка кутија.
2. Табакера. Си купи сребрена кутија за цигари.
Множина: кутии.
Изведени зборови:
- кутијка, и. ж. мн. кутијки , кутиче, мн. кутичиња ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црна кутија – апарат во авион што ги снима и ги чува од уништување информациите за текот на летот.
Оригинални податоци:
кутија, мн. кутии ж. 1. Предмет во облик на сандаче со капак од картон, дрво, лим и др. со различна намена. Резбана кутија. Кутија со бонбони. Кутија за чевли. Гласачка кутија. 2. Табакера. Си купи сребрена кутија за цигари. ◊ Црна кутија – апарат во авион што ги снима и ги чува од уништување информациите за текот на летот. ‖ кутијка, мн. кутијки ж., кутиче, мн. кутичиња ср. дем. и хип.