квадрат

Именка, машки род

Математика.

Значење на квадрат:

1. Четириаголник на којшто сите страни му се исти и сите агли прави.

2. Втор степен на број; производ што се добива од број помножен со самиот себе.

3. (разг.) Квадратен метар како единица мерка за површина. Купи стан од сто квадрати.

Множина: квадрати.

Изведени зборови:

  • квадратче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

квадрат, мн. квадрати м. (мат.) 1. Четириаголник на којшто сите страни му се исти и сите агли прави. 2. Втор степен на број; производ што се добива од број помножен со самиот себе. 3. (разг.) Квадратен метар како единица мерка за површина. Купи стан од сто квадрати. ‖ квадратче, мн. квадратчиња ср. дем.