квалификува
Значење на квалификува:
1. а) Оцени, оценува качества, вредности, својства на некого или на нешто. Тој обид го квалификуваа како бунтовнички стремеж за слобода. б) Определи, определува, стави, става во определена група, категорија и сл. според некои обележја, својства или квалитет. Неговите дела беа квалификувани како плагијат.
2. Оспособи, оспособува некого за нешто; даде, дава стручно знаење потребно за вршење на некоја работа. Училиштето секоја година квалификува ученици за различни занимања.
Коњугација: квалификуваат.
Изведени зборови:
- квалификување, глаг. им. ср.
- се ~ квалификува, 1. Стекне, стекнува потребна квалификација за нешто. Тој се квалификува за ѕидар. 2. Во спортот – обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување. Нашата репрезентација се квалификува за светското првенство.
Оригинални податоци:
квалификува, квалификуваат св. и несв. 1. а) Оцени, оценува качества, вредности, својства на некого или на нешто. Тој обид го квалификуваа како бунтовнички стремеж за слобода. б) Определи, определува, стави, става во определена група, категорија и сл. според некои обележја, својства или квалитет. Неговите дела беа квалификувани како плагијат. 2. Оспособи, оспособува некого за нешто; даде, дава стручно знаење потребно за вршење на некоја работа. Училиштето секоја година квалификува ученици за различни занимања. ● се ~ 1. Стекне, стекнува потребна квалификација за нешто. Тој се квалификува за ѕидар. 2. Во спортот – обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување. Нашата репрезентација се квалификува за светското првенство. ‖ глаг. им. квалификување ср.