квалитетен

Придавка

Значење на квалитетен:

Што е со добар квалитет, што се одликува со квалитет, со добри својства. За негова изработка е потребно квалитетно платно. Потребни се образовани и квалитетни кадри. За квалитетно производство на вино потребно е осовременување на фабриката.

Членувана форма: квалитетниот.

Изведени зборови:

  • квалитетно, прил. Само квалитетно изведено орање може да создаде услови за правилен развиток на културите.
  • квалитетност, и. ж.

Оригинални податоци:

квалитетен, квалитетниот прид. Што е со добар квалитет, што се одликува со квалитет, со добри својства. За негова изработка е потребно квалитетно платно. Потребни се образовани и квалитетни кадри. За квалитетно производство на вино потребно е осовременување на фабриката. ‖ квалитетно прил. Само квалитетно изведено орање може да создаде услови за правилен развиток на културите. ‖ квалитетност ж.