квота

Именка, женски род

Значење на квота:

1. Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто. Се зголеми квотата за извоз на јаболка.

2. Сразмерен дел, удел што припаѓа некому при делба. Тие ја добија договорената квота при поделбата на акциите.

3. Количина на вложен труд, потрошен за определено утврдено време; норма. Работникот мора да ја зголеми квотата на производство.

4. Однапред утврден, ограничен број на нешто воопшто. При уписот на факултет тој влезе во државната квота.

Множина: квоти.

Оригинални податоци:

квота, мн. квоти ж. 1. Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто. Се зголеми квотата за извоз на јаболка. 2. Сразмерен дел, удел што припаѓа некому при делба. Тие ја добија договорената квота при поделбата на акциите. 3. Количина на вложен труд, потрошен за определено утврдено време; норма. Работникот мора да ја зголеми квотата на производство. 4. Однапред утврден, ограничен број на нешто воопшто. При уписот на факултет тој влезе во државната квота.