лачи
Значење на лачи:
1. Произведува и испушта некаква материја. Плунката ја лачат три пара плункови жлезди. Надбубрежната жлезда лачи адреналин.
2. Одвојува едно од друго. Овчарите ги лачат јагнињата од молзниците во мај. Виното го лачат од комињето по четириесет дена. Денес ќе лачиме тутун.
3. Треби, кине вторични ластари за да не му ја земат силата на растението. Утре ќе го лачиме лозјето.
Коњугација: лачат.
Изведени зборови:
- лачење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
лачи, лачат несв. 1. Произведува и испушта некаква материја. Плунката ја лачат три пара плункови жлезди. Надбубрежната жлезда лачи адреналин. 2. Одвојува едно од друго. Овчарите ги лачат јагнињата од молзниците во мај. Виното го лачат од комињето по четириесет дена. Денес ќе лачиме тутун. 3. Треби, кине вторични ластари за да не му ја земат силата на растението. Утре ќе го лачиме лозјето. ‖ глаг. им. лачење ср.