лад
Значење на лад:
1. Дебела сенка или место каде што не се чувствува летната жештина. Седеше во ладот подалеку од другите и размислуваше.
2. Пријатна студенина, свежина. Дувна ветер и се почувствува лад.
3. Период од летен ден, наутро или навечер, кога не е многу жешко. Вечерта, во ладот, излезе да прошета во паркот.
Множина: ладови.
Оригинални податоци:
лад, мн. ладови м. 1. Дебела сенка или место каде што не се чувствува летната жештина. Седеше во ладот подалеку од другите и размислуваше. 2. Пријатна студенина, свежина. Дувна ветер и се почувствува лад. 3. Период од летен ден, наутро или навечер, кога не е многу жешко. Вечерта, во ладот, излезе да прошета во паркот.