ладен
Значење на ладен:
1. Што има ниска температура, но не е премногу студен; топол. Ладна зима. Ладно утро. Ладно време. Ладна вода.
2. (прен.) Што е рамнодушен, што не се возбудува лесно. Ладен однос. Ладен поглед.
Членувана форма: ладниот.
Изведени зборови:
- ладно, прил. Надвор е ладно. Ладно го погледна.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ладно оружје ‒ оружје од кое не се пука (нож, копје, меч, боздоган, лак и стрела и сл.) чија моќ зависи од силата на тој што го употребува или од друга механичка сила. Мртов ладен ‒ сосема рамнодушен.
Оригинални податоци:
ладен, ладниот прид. 1. Што има ниска температура, но не е премногу студен; спрот. топол. Ладна зима. Ладно утро. Ладно време. Ладна вода. 2. (прен.) Што е рамнодушен, што не се возбудува лесно. Ладен однос. Ладен поглед. ◊ Ладно оружје ‒ оружје од кое не се пука (нож, копје, меч, боздоган, лак и стрела и сл.) чија моќ зависи од силата на тој што го употребува или од друга механичка сила. Мртов ладен ‒ сосема рамнодушен. ‖ ладно прил. Надвор е ладно. Ладно го погледна.