лади
Значење на лади:
Снижува температура на нешто. Ја лади лубеницата во реката. Ветерот нè ладеше додека се печевме на жешкото сонце.Коњугација: ладат.
Изведени зборови:
- ладење, глаг. им. ср.
- се ~ лади, 1. Се освежува, се разладува. Децата се ладеа во езерото. 2. (прен.) Се подбива, се потсмева со некого.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си ја лади душата со некого ‒ се забавува, си тера ќеф.
Оригинални податоци:
лади, ладат несв. Снижува температура на нешто. Ја лади лубеницата во реката. Ветерот нè ладеше додека се печевме на жешкото сонце. ● се ~ 1. Се освежува, се разладува. Децата се ладеа во езерото. 2. (прен.) Се подбива, се потсмева со некого. ◊ Си ја лади душата со некого ‒ се забавува, си тера ќеф. ‖ глаг. им. ладење ср.